Темен режим Режим на светлина

Во МАНУ ќе се штрајкува но не и академиците

Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 година ќе стапат во штрајк.

Ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

-Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ кои се далеку под просечната плата во Македонија, односно малку над минималната плата, соопшти Сојузот на синдикатите.

Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата. Во штрајкот не учествуваат академиците на МАНУ, како ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уапсени двајца дилери, кај едниот извршен претрес

Следна објава

„Ех таа серенада“, повторно во Битола