Темен режим Режим на светлина

Уапсени двајца дилери, кај едниот извршен претрес

Полицијата во текот на вчерашниот ден уапсила двајца дилери во Гевгелија.
– На 31.01.2023 во часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин.

Истиот ден, во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.

За настаните е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пратениците ќе го игнорираат или ќе постапат по предлогот за амнестија на осудените за 27 април?

Следна објава

Во МАНУ ќе се штрајкува но не и академиците