Темен режим Режим на светлина

Пратениците ќе го игнорираат или ќе постапат по предлогот за амнестија на осудените за 27 април?

Од минатиот четврток во архивата на македонското Собрание лежи предлогот за амнестија на осудените за настаните од 27 април 2017 година. Предлогот зад кој стојат неколкумина адвокати предвидува сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50 проценти од казната. Го разгледува ли ова парламентарното мнозинство?

За потсетување, по упадот во македонскиот парламент од страна на граѓани коишто реагираа на начинот на изборот на нов претседател на Собранието беа осудени 16 лица на вкупно 211 години затвор. За голем дел од македонската јавност тоа е престрога казна и се бара институциите да најдат начин да се исправи грешката која дополнително го дели македонското ткиво.

Дали на пратениците од мнозинството ќе им се брза да ја решат судбината на осудените кои веќе неколку години ги издржуваат казните зад решетки? Дали ќе покажат интерес и посериозно ќе го разгледаат предлогот?

До сега, забележани се само првични изјавиПратеничката на владечаката партија СДСМ Даниела Николова веќе утредента одговори дека „амнестија не смее да има“.

-Каква порака би се ипратила со амнестијата? Дали тоа ќе значи дека се отвара можност во иднина некој одредени политички структури повторно да превземат вакви активности? Затоа уште еднаш повторувам, ние сме против било каква амнестија на насилниците од 27 април, рече Николова додавајќи дека, сепак, партијата за ова ќе се изјаснува.

Од партиите во владината коалиција досега само „Достоинство“ веднаш даде поддршка.

– Час поскоро амнестија на осудените за крвавиот 27 април, но воедно ова да биде последна групна амнестија дадена од македонското Собрание, став е на лидерот Стојанче Ангелов.

Како ќе одлучи парламентарното мнозинство, во кое има многу амнестирани лица заушество во многу покрвави настани од 2001 година, останува да се види. Но, лошо би било предлогот да се игнорира. Факт е дека целиот настан, судскиот процес, квалификациите и изречените казни… предизвикаа длабоки поделби во македонското општество. Голем дел од граѓаните во Македонија сметаат дека престрого се казнети некои лица, а други се ослободени само затоа што помагаа на власта околу разни нејзини намери и цели.

Сега по толку поминати години, а и по сите искажани пораки на власта дека е  потребно обединување на македонските граѓани, вреди сериозно да се разгледа овој предлог за амнестија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стан во Белград продаден за 2,5 милиони евра, над десет илјади евра за метар квадратен

Следна објава

Уапсени двајца дилери, кај едниот извршен претрес