Темен режим Режим на светлина

Борел ги осуди нападот во Охрид и изјавите на националистичките политичари

Осуда на нападот во Охрид и на изјавите на националистичките политичари вчера искажа високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. На заедничка прес-конференција со макеоднскиот министер за надворешни работи Бујар Османи тој не ги спомна конкретните имиња на политичарите.

-Неодамна видовме ескалација на тензиите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со инциденти и провокации. Го осудуваме нападот во Охрид на истиот начин како што направија и властите во Скопје. Сигурен сум од изјавите на вашите власти дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Во исто време слушаме неприфатливи изјави од националистички политичари кои внесуваат омраза и имплицираат насилство. Ова само може да ги ескалира тензиите и не придонесува за атмосфера на добрососедство и добри односи, рече Борел.

Тој остро го осуди промовирањето на насилството и порача дека клучно е да се работи заедно и да решаваат проблемите преку дијалог.

-Клучно е работејќи заедно да промовираме атмосфера на дијалог и заедничка почит. Ова е европскиот начин и основата на која е изградена ЕУ, рече Борел.

Борел зборуваше и за претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Ова тело, рече Борел, е најважното кое се занимава со прашањата на европската безбедност која во ситуација каква што имаме денес е високо на агендата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Несигурни ученички автобуси, за четири часа изречени 65 санкции

Следна објава

Ивановска: Министерот Османи го прекрши Етичкиот кодекс за функционерите