Темен режим Режим на светлина

Несреќа во прилепско: Загина возач откако изгубил контрола над мопедот и паднал

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Жител на прилепското село Небрегово загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера, во 17 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во с. Небрегово, Прилепско, Ѓ. М. (54) од с. Небрегово, додека управувал мопед „томос“, без регистарски таблички, изгубил контрола над него и паднал.

-Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош – Прилеп, се наведува во информацијата.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Партиите да прикочат, валканата кампања да излезе од автобусот

Следна објава

Имаше време и планината Беласица да ја поместат, а не пак мостот „Беласица“ да го репарираат