Облачно и посвежо со врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 а дневната од 11 па до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 11 а дневната 16 степени.

Претходна вестИвановски напредуваше две позиции на најновата АТП листа
Следна вестНе прифатија награда од милион левови за да ги предадат соборците, како херојски загинаа Кире Гаврилоски – Јане и Круме Волнароски – Коља