Темен режим Режим на светлина

Опожарено „Ауди 4“ во сопственост на Владата

Пламен зафатил возило во сопственост на македонската влада. Имено, на улица „Димитар Влахов“ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „Ауди 4“ во сопственост на Владата на Македонија.

– Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „Ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.

Полицијата информира дека пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

Фото: архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Крадец тешко повредил жена која го затекнала во својот дом

Следна објава

Шилегов на 17 јуни: „Лајка“ се отвора за една недела; Шилегов на 2 јули: „Лајка“ се отвора за кратко време