Темен режим Режим на светлина

Пелистер се засили со крилен центар Драговиќ

КК Пелистер во финишот на зимскиот преоден рок се засили и со црногорскиот интернационалец Балша Драговиќ.

Драговиќ, кој е висок 208 сантиметри, игра на позицијата четири и заедно со Јуре Планиниќ треба да биде големо засилување под кошот на битолскиот тим.

Балша Драговиќ веќе се приклучи на подготовките на македонскиот вицешампион. Се очекува да дебитира во сабота во дресот на битолчани на мечот против ТФТ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

Следна објава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по влажни коловози