Пироманите ги побркаа летото и зимата, а полицијата слабо ги брка нив

Во Македонија често се случуваат чуда. За жал почесто тие се негативни. Едно такво чудо е дека во земјава во последно време има чести шумски пожари. А, не е лето.

Еве, во последното деноноќие имало над десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација. За ова информира Центарот за управување со кризи. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

-Противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од: БППЗ на Град Скопје во предел на с. Трубарево во с. Рашче изгорена и во с. Бразда; ТППЕ Прилеп кај с. Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец; ТППЕ Свети Николе кај с. Мустафино и во атарот на с. Немањици; ТППЕ Македонска Каменица кај с. Цера; ТППЕ Куманово во близина на депонијата „Краста“ и во атарот на с. Режановце; ТППЕ С. Нагоричане во атарот на с. Макреш; ТППЕ Ранковце во атарот на с. Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции, се наведуав во соопштението ЦУК.

Чудо. На вакви работи некако се навикнавме во лето, ама сега…

Зошто до ова дојде? Можно ли е пламенот да не знае дека сега е зима? Или, пак, можно е службите да не фатија и казнија ниту еден пироман во лето, па тие продолжија со своите активности и во зима?

Сепак, од ЦУК даваат апел да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено. 

Доволни ли се апели?

 

Претходна вест153 санкционирани возачи во Скопје
Следна вестАмбасадорите на Италија и на БиХ во посета на Собранието