Пораз на стартот од ЕП на Македонија

Подмладената репрезентација на Македонија загуби на отворањето на Европското првенство. Вчера  во Дебрецин, Унгарија, Словенија ја совлада Македонија со 27:25 (13:10).

Македонија, која играше без селекторот Лазаров кој е повреден, одлично го отвори мечот со серија и водство од 4:1. Но словенците возвратија со 5:0, го презедоа водството и не го испуштија до крајот на полувремето. И покрај неколкуте израмнувања грешките во клучните моменти во финишот не чинеа минус од три гола на полувреме.

Во вториот дел момците на Кире Лазаров не се предаваа, но искусната Словенија ги казнуваше сите наши грешки, а ги имаше премногу за меч на вакво ниво. Она што радува е упорноста и полетноста на нашата репрезентација која не се предаваше до самиот крај. Ниту водството од 5 разлика во еден дел од второто полувреме не ги поколеба нашите репрезентативци кои успеаја да стигнат до – 1, но не и да направат целосен пресврт. Предноста од два гола словенците искусно ја сочуваа за победа на стартот во неизвесната група во која уште се и Данска и Црна Гора.

Мартин Томовски на голот на Македонија беше извонреден со 15 одбрани, а одлична партија имаше левото крило Цветан Кузманоски кој постигна 7 гола.

Следен противник на „црвено-жолтите“ е Црна Гора. Мечот се игра во сабота во 18 часот.

Претходна вестБројот на активни ковид-случаи се изкачи на 14.545
Следна вестПронајдено безживотно тело на поранешна полицајка во Охрид