Темен режим Режим на светлина

Поскапува бензинот, поевтинува дизелот

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Од вечерва на полноќ на сила ќе стапат новите цени на горивата, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката, кај бензините ќе има поскапување од 1 денар, додека дизел горивото поевтинува за 0,5 денари.

Така, цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по 80,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 78 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 денар и ќе се продава по 77 денари по литар, додека цената на мазутот ќе изнесува 41,4 денари по литар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Почна штрајкот на вработените во ФЗО, се бара да остане декемвриската плата

Следна објава

Целта за Нето-нула емисии на стакленички гасови на Јунајтед Груп доби одобрение од Иницијативата за научно засновани цели (SBTi)