Темно Режим Светло Режим

Потврдени 46 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 12 пациенти

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 46 нови случаи на коронавирус, од 378 тестирања. Починаа 12 лица, а оздравени се 526 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје се потврдени 22 нови случаи, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-12, Струга-3, Велес-4, Битола-9, Охрид-33, Кавадарци-41, Гостивар-9, Гевгелија-4, Струмица-16, Крива Паланка-3, Кочани-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-2 и Неготино-17.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798.

Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид-19.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Исчезнат скопјанец пронајден мртов кај Црн Врв

Следниот Пост

Загрижувачко: Двајца мажи учеле детенце да пука од пиштол за Нова Година