Темен режим Режим на светлина

Припадник на Шумската полиција барал поткуп – примил пари, ама…

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Приведен вработен во Шумската полиција. Имено, полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола вчера (30.10.2023) на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода лицето Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во тамошната Шумска полиција поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”.

Приведениот Д.Т. побарал пари од лице од Демир Хисар, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.

Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Скопјанка тешко се повредила во градски автобус

Следна објава

Шведска е прва држава во светот која буквално нема да користи кеш