Полицијата расчистува дрско разбојништво кое се случило вчера. Имено, приведени се четворица разбојници во Гевгелија, кои нападнале 22-годишно лице, му го одзеле возилото, но и пари, мобилен телефон и други предмети.
Според информациите, се работи А. К. (23) од село Прдејци, Гевгелиско, Л. Б. (23) од Гевгелија, Р. В. (28) од село Стојаково, Гевгелиско и С. М. И. (29) од Гевгелија.
Тие на 26.4.2022, околу 1 часот, на улицата Миле Пецанов во Гевгелија, физички го нападнале Ј. К. (22) од Неготино и му го одзеле патничкото моторно возило „бмв“, со неготински регистарски ознаки, но и пари, мобилен телефон и други предмети, кои биле во возилото.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво по член 237 став 4 од Кривичниот законик по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.




