Вечерва со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен ценатр ќе биде промовирана четвртата стихозбирка „Порој од пепел“ на младиот автор Исток Ј. Улчар.
Стиховите ќе ги читаат: Лазар Христов и Сергеј Димовски, а музичката подлога е на Александар Скрјабин/Немнтин – „Мистериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“. Промоцијата, велат организаторите ќе биде реализирана по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.
Инаку, Исток Ј. Улчар е роден на 11.9.1996 година во Скопје. Од 2014 досега се објавени четири негови книги поезија. Негови песни и расказ се застапени во неколку избори на дела од млади македонски и ексјугословенски автори. Неговите песни се преведени на српски, на унгарски и на англиски јазик.