Се чисти атмосферската канализација во Скопје

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

Од претпријатието информираат дека акцијата се спроведува во рамки на редовните работни активности и поради најавените врнежи од дожд во претстојниот период заради непречена функционалност на атмосферската канализација.

– Врз основа на планираните активности, акцијата продолжува и во текот на утрешниот ден, информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје .

Претходна вестБез вода од утре наутро жителите на „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“
Следна вестВардар 1961 во обид да ја прекине негативната серија на порази во ЛШ