Скопјанец фатен со тројца илегални мигранти во автомобил

77

Полицијата го привела синоќа Б.П (67) од Скопје, кој превезувал тројца Кубанци што влегле илегално во државата.

Како што соопшти МВР, Б.П. е лишен од слобода синоќа околу 19:30 часот, на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица „Градско“.

При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал, биле забележани Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЦаровска на онлајн состанок со директорите на училиштата заклучија дека мора да има настава со физичко присуство
Следна вестДенеска и утре студено и ветровите, од петок пак се стоплува