Темен режим Режим на светлина

Со враќањето на клучот од градот заврши Струмичкиот карневал

Со враќањето на клучот од градот заврши Струмичкиот карневал Со враќањето на клучот од градот заврши Струмичкиот карневал
Завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица

Исполнети ветувања за добра забава

Претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, истакна дека со враќањето на клучот симболично се заокружува уште едно успешно карневалско издание.

„Драго ми е што Струмица доби карневал каков што заслужува. Сите карневалџии беа тука со нас и се надевам дека следната година ќе ги имаме во уште поголем број“, рече Стојанова.

Традицијата продолжува

Пред финалниот чин, беше одржан традиционалниот Тримерски посен ручек, проследен со настап на „Распеани струмичани“. Овој обичај има длабоки корени во струмичката традиција.

Во минатото, ручекот го подготвувало семејството на армасаната (верената) девојка, во чест на гостинките што доаѓале заедно со идната свекрва. Со подароци и пеење еротски песни, тие симболично ја подготвувале идната невеста за брачниот живот.

Со овој чин, Струмица го затвори уште едно карневалско поглавје, оставајќи зад себе осум дена исполнети со традиција, музика и маскенбалска магија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Нови хоризонти“ во Филхармонијата: Светскиот пијанист Алим Беисембајев вечерва во Скопје

„Нови хоризонти“ во Филхармонијата: Светскиот пијанист Алим Беисембајев вечерва во Скопје

Следна објава
Во Кинотеката ќе биде промовирана монографијата „70 години македонски филмски плакат“

Во Кинотеката ќе биде промовирана монографијата „70 години македонски филмски плакат“