Темен режим Режим на светлина

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

–Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Временските прилики не може да се контролираат, но може и мора да средува инфраструктурата

ЦУК: Крива Река се заканува со поплави

Следна објава

Скопјанец во дворот пронашол залутан куршум