Темен режим Режим на светлина

Тајвански „Јагео“ ќе отвора фабрика во Македонија, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Тајванската компанија  „Јагео“ влегува во Македонија. Оваа како што е најавено ќе биде најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на земјава.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Македонија. Како што јавува известувачот на МИА од Таипеи, станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето.

„Јагео“ е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации). Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40.000 вработени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На небото над Алјаска снимена необична појава

Следна објава

Митрополитот Наум отвори прашање, ама го бара ли одговорот?