Тетовец ја нападнал својата сопруга и и се заканувал со нож

Вистинска семејна драма се случувала вчера во тетовско село. Имено, триесет и девет годишниот Т.М е приведен од страна на тетовската полиција откако физички ја нападнал својата триесет и седум годишна сопруга и и се заканувал со нож.

– Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода  Т.М. од тетовско село, кој бил пријавен од страна на неговата 37-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ѝ се заканил со остар предмет, се вели во соопштението од МВР.

Тетовецот е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Претходна вестПо бројни медали за туѓа држава, гимнастичарките Илина и Ева Соколовски наскоро ќе ги бранат боите на Македонија
Следна вестГлавниот украински генерал барал повлекување од Бахмут, Зеленски одбил