Товарно возило на патот Зелениково – Таор ја пробило оградата на мост на Вардар, нема жртви

Товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково – село Таор, синоќа изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар, информира Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.

– Од страна на Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково се известени Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност. Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението. Тоа е и направено. Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот, соопштија од ЦУК.

Претходна вестПретпладневното сонце ќе го заменат попладневниот пороен дожд, грмежи, ветер…
Следна вестАрсовска: Во подобра кондиција градот никогаш не бил