Едно лице е убиено во вооружениот напад што се случил синоќа во Тетово. Според сознанијата коишто ги потврди МВР се работи за автомобилска заседа по која е ликвидиран еден граѓанин кој бил во сопствено возило.
-Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „Штипска“ едно лице, кое било со возило марка „Мерцедес“ пукало кон возило марка „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Повеќе медиуми на албански јазик објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи. Според овие извори, убиството е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани.
Минатата недела, слично убиство се случи во скопско Батинци, а убијците избегаа со автомобил по заседата и се уште не се пронајдени.