Управниот суд и во вториот ден од својата работа не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии во врска со изборниот процес.
Станува збор за вкупно 104 тужби, од кои 101 од Левица, кои ги разгледуваа судечките совети од Управен на неколку одвоени расправи.
Утре судиите ќе ги разгледуваат двете поднесени тужби од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”.
Претходно Управниот суд одби една тужба од партијата Интегра, 75 од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои нездоволни од овие одлуки најавија протест
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

