Вакво нешто не се памети: Дончиќ постигна неверојатен рекорд

29

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс постигна победа во еден од 12-те ноќеска одиграни НБА натпревари. „Езерџиите“ ја победија Минесота Тимбервулвс со 128:110, а свое шоу имаше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.

Тој натпреварот го заврши со 49 постигнати поени (14/23 шут од игра) со 11 скокови и 8 асистенции со што беше на чекор од „трипл-дабл“.

Со својот ефект Дончиќ стана првиот играч во НБА лигата кој на два последователни натпревара има остварено повеќе од 40 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПелистер мораше да игра две продолженија за да го победи новакот Маџари
Следна вестХрватскиот парламент изгласа враќање на задолжителната воена служба