Вечерва на отворено пред МКЦ, фестивал „Добра идеја“

Кај Младинскиот културен центар, на отворено, вечер ќе се одржи фестивалот Добра идеја 2021, што го организира Култи ватор.
Ќе настапи Алембик – дуо од Скопје, оформено во март 2020. Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). Досега имаат реализирано неколку видео настапи (Културен центар „Јадро”, „Voice of Youth” и Амок радио), и настап во живо како дел од програмата на Млади за Скопје. Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски, информираат организаторите на фестивалот.По настапот Алембик – дуо, следува диџеј сет на Сезер Салихи.

Влезот на фестивалот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.
Претходна вестСе следи развојот околу новата француска вакцина против ковид на „Санофи“
Следна вестЦаровска на онлајн состанок со директорите на училиштата заклучија дека мора да има настава со физичко присуство