Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Почнуваме со активна блокада на Собранието, потребен е дијалог за предвремени избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со активна блокада на собранието. Тоа беше најавено пред неколку дена кога и се побара средба со премиерот Ковачевски за да има договор за брзи избори или ќе почне блокадата..

-Потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори, Ковачевски охрабри се, се потенцира во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, како што велат од оваа партија имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели. Државата, според оценките на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе тоне.

-Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.
Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи. Избори час поскоро, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Токму затоа, појаснуваат од оваа партија, потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

141 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Следна објава
Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

Чии деца ќе ги враќаат огромните кредити на СДСМ и ДУИ?