Темно Режим Светло Режим

Во близина на Битола се преврте цистерна со плин, возачот пренесен во болница

Во сообраќајна несреќа која се случила утрово во Битолско се преврте цистерна со плин.

Во несреќата возачот на камионот се здобил со полесни повреди и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, на местото на несреќата излегла противпожарна екипа со четворица пожарникари а увид на местото на несреќата извршила и екипа на СВР Битола.

За подигање на цистерната се чека механизација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кога ќе се донесе одлуката, ќе одлучам дали ќе се придружам на постарата ќерка, кажа во судот таткото на убиената Вања

Следниот Пост

Гостиварец платил 1.600 евра за возачка без да полага, но останал и без пари и без дозвола