Темен режим Режим на светлина

Во локали во Тетово и Охрид затекнати девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и од Македонија

При спроведените полициски и истражни дејства во трите угостителски објекти биле најдени вкупно 99 женски лица по потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и од Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдени се и една кеса со прашеста материја и еден пиштол „гамо“ во калибар од 4,5 мм. Против девојките ќе се почне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

– Во угостителскиот објект, сопственост на И. И. (26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и од Косово, како и кеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А. Џ. (26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и од Северна Македонија, пронајден е и пиштол, а легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х. А. (34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и од Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот, информираат од МВР.

Во однос на затекнатите женски лица, кои престојувале спротивно на целта, ќе се почне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Судски совет: Важат сите одлуки донесени од Советот кога претседател беше Сашко Георгиев

Следна објава

Абердин не го дава Миовски за помалку од пет милиони фунти!