Темен режим Режим на светлина

Во тек седница на Советот за безбедност во Вила Водно по ескалацијата на Блискиот Исток

Во тек седница на Советот за безбедност во Вила Водно по ескалацијата на Блискиот Исток Во тек седница на Советот за безбедност во Вила Водно по ескалацијата на Блискиот Исток

Во Вила Водно во тек е седница на Советот за безбедност, свикана по најновите случувања на Блискиот Исток и ескалацијата на состојбата по израелско-американските напади врз Иран.

Од Кабинетот на претседателката информираа дека седницата е закажана по претходно спроведени консултации на шефицата на државата со надлежните институции.

Советот за безбедност претставува највисоко советодавно тело во државата кое разгледува прашања од областа на безбедноста и одбраната и доставува предлози и препораки до Собранието и Владата.

Со Советот претседава претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Погодено седиштето на иранската државна телевизија во нови напади од Изреал

Погодено седиштето на иранската државна телевизија во нови напади од Изреал

Следна објава
Арсенал подобар од Челзи во лондонската пресметка

Арсенал подобар од Челзи во лондонската пресметка