Возач на БМВ без регистарски таблички синоќа прегазил жена на улицата Рузвелтова во Скопје и побегнал од местото на настанот. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот и го привеле во Полициската станица.
– На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото, информираат од МВР.
По несреќата В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот А.С. и го привеле во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



