Темен режим Режим на светлина

За францускиот предлог утре ќе се изјаснува Совет за безбедност

На 3 јули 2022 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот на државата ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следи изјава на претседателот Стево Пендаровски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Апасиев го опцу претседателот Пендаровски

Следна објава

Ѓорге Иванов: Непокорот е единствениот излез