Темен режим Режим на светлина

Затвореник од Идризово крадел во Скопје

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба”, сторена во периодот од 10 до 17 декември, лани во објект на улица „Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје. По преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М. З. (30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во затворот Идризово.

Од МВР информираат дека вчера со лицето бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото.

Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Милановиќ: И руските и американските тенкови горат исто

Следна објава

Македонскиот филм „Шеќерни луѓе“ добитник на уште три награди