Државниот притвор за над 650.000 македонски граѓани влезе во вториот ден. Власта не им стави лисици, ама им забрани на граѓаните да излегуваат од Македонија ако на пасошите го немаат нивниот омилен збор – „Северна“. И така, втор ден голем хаос во Македонија, уште поголемо разочарување и супер големо понижување.
Бараат ли властите сериозен излез од оваа ситуагија на масовно кршење на основните човекови права – правото на слободно движење?
На потег е новиот министер во МВР. Но, пред се на потег е владеачкото мнозинство на ДУИ и СДСМ! Нивни министри, односно Влада го направи непримерниот за светски рамки – скандал, тие треба сега да го дадат решението.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа целосно објасни колку е лоша состојбата. Во депоата има само уште околу 4.000 обрасци за пасоши од типот „А“ и нешто помалку од 10.000 пасоши од типот „Б“, а веќе повеќе од 100.000 граѓани се фотографирани, но нивните пасоши не може да се направат бидејќи нема доволно обрасци. А нови пасоши ќе пристигнат прво дури кон крајот на месецов, а потоа дури на почетокот на летните месеци, околу 380.000. Но, и тогаш ќе биде прашањето дали за сите македонски граѓаѓани ќе има доволно пасоши оти некој набавката ја димензионирал на смао 1,75 милиони граѓани, а не и во однос на 2,5 милиони граѓани со македонски патни исправи во земјава и по светот.
Значи, и да успееш да се фотографираш во МВР, потоа многу ќе чекаш за добивање на пасошот. Тоа е недозволиво. Има луѓе кои работат по странство, има луѓе кои ќе мора поради лекување да одат во странство.., врочем и оние кои сакаат само на одмор да одат – Уставот им гарантира тоа право да си го остварат. Па зарем Уставот на власта им е важен само кога треба да се менува по барање на странци?