16 градови ќе формираат регионални ковид-центри, се подготвуваат за евентуален есенски бран

Неколку македонски општини се координираат и реорганизираат за да се подготват за евентуалниот есенски бран на вирусот. Имено, градоначалници на 16 општини во Македонија го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални ковид-центри во градовите каде што веќе постојат општи болници и здравствени домови.

Станува збор за општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Како што информираат од ресорното министерство, активностите се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Станува збор за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање  посебни патеки и услови во некои објекти, како и прилагодување на други капацитети што  би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид-центри.

-На состанок што во петокот се одржа преку електронска платформа градоначалниците на општините се соглсија дека стратешката координација, планирањето, проценката на опциите и приоретизацијата се клучни во борбата со коронавирусот. Оттука беше поздравена иницијативата и беше прифатен ваквиот пристап на координација. Тие изразија подготвеност, ја истакнаа својата безрезервна поддршка и се согласија дека ќе ги стават сите свои капацитети на располагање, во рамките на нивните ингеренции, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Претходна вестАнгела Ѓоргиевска осудена на 19 години затвор за убиството на Пино Секондо
Следна вестФилипче: Не очекуваме изнанадувања со поголем прилив на пациенти во болница