Министерството за внатрешни работи информираше дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.