Ракометарките на ЖРК Металург го известиле раководството на клубот дека нема да играат на денешниот натпревар од 7. коло во плеј-офот од женската Суперлига. Причина за тоа се неисплатени плати.
Информацијата ја соопшти претседателката на клубот, Зорица Блажевска, образложувајќи дека Металург има проблем со реализација на ваучерот и очекуваат помош од владата.
-Тешко оди со реализација на ваучер овој период, барем кај нас, сите оставаат за крај на годината. Се надевавме дека ќе си го исполни ветеното владата и директно ќе исплаќа на сметка на клубови, но ете тоа не е случај. За жал, ќе мора да ги разберам девојките и да ја прифатам нивната одлука, изјави Блажевска.
ЖРК Металург го брани пехарот во Купот на Македонија од минатата сезона, а во првенството се наоѓа на петтото место.