Ноќеска од 00:00 часот до 04:00 часот констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Ова најверојатно ќе бидат последните казни кои ќе бидат изречени за кршење на полицискиот час, откако денеска Комисијата предложи, а Кризниот штаб прифати тој да се укине. За ова утре одлучува Владата.
Од МВР, пак, информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 108 прекршоци.