Алтернатива утревечер ќе пресече – одат во Влада или остануваат опозиција

Алтернатива за утревечер во 18 часот закажа седница на Централното претседателство, кое треба да одлучва дали ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

Претседателот на партијата Африм Гаши минатата недела беше на средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот Алтернатива да биде дел од владината коалиција, со што исто така со нивните четворица пратеници би се зголемило и мнозинството во Собранието.

Утрешната седница беше одложена поради тридневната жалост и автбуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници.

Пратениците на Алтернатива беа потписници на иницијативата за недоверба на Владата, но откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде на седницата пропадна овој обид на опозициските партии. Сега Заев се обидува да го зголеми мнозинството во Собранието со што наместо 61 пратеник би имало 65.

Претходна вестСДСМ утре пак ќе решава за оставката на Заев
Следна вестВладата чека, синдикатите и работодавачите се испокараа околу предлог мерките на Комисијата и Филипче