СДСМ утре пак ќе решава за оставката на Заев

Централниот одбор на СДСМ утревечер ќе решава за оставката партискиот лидер и премиер Зоран Заев за која се очекува да биде поднесена и формално откако беше најавена на 31 октомври по поразот на локалните избори. Според сознанијата од партиските извори Заев бара од ЦО и ИО на СДСМ само да ја констатираат неговата оставка и да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата.

Од друга страна, дел од раководството и партиското членство смета дека тој треба да остане на лидерската партиска позиција и на премиерската функција.

Доколку се случи оставката да биде прифатена тогаш започнува постапката за избор на нов претседател на партијата. Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада.

Инаку, оставката на Заев веќе беше разгледувана во СДСМ и тогаш највисокото партиско тело одлучи да се одложи нејзиното разгледување и постапување по неа на неодредено време.

Претходна вестБугарски обвинител: Немало експлозија и туби со гориво во автобусот, патниците били живи во моментот на пожарот
Следна вестАлтернатива утревечер ќе пресече – одат во Влада или остануваат опозиција