Бројот на загинати во Грција се зголеми на 40, се трага по најмалку 50 луѓе

Бројот на загинатите во железничка несреќа во Грција се искачи на 40, соопштија на брифинг претставници на противпожарната бригада и полицијата.

Како што јави Екатимерини, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми, со оглед дека има голем број исчезнати. На лекување се 72 повредени, од кои шестмина се на интензивна нега. Претходно грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу 50 и 60 лица се уште се водат како исчезнати.

До несреќата дошло кога меѓуградски патнички воз со околу 350 патници, кој се движел од Атина кон Солун, се судрил со товарен воз во близина на градот Лариса.

Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да минуваат цел километар по иста пруга.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении

Претходна вестГостивар казнет со три бода, Христовски суспендиран шест месеци
Следна вестДелови од Карпош, Чаир и Илинден утре без струја