Чаир, Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу заразени од вирусот во Скопје

Скопските општини Чаир и Аеродром се со најмногу активно болни од корона вирусот на скопското подрачје на кое сега има вкупно 1.057 заболени граѓанини, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во северната скопска општина Чаир сега има 152 заболен граѓанин што е за 20 повеќе отколку во најурбаната општина Аеродром каде се забележани 132 пациент. Уште две скопски општини имаат повеќе од 100 заболени – Карпош – 108 и Гази Баба – 103.

По нив следат Центар со 98 активно вболен, Кисела Вода со 96, Шуто Оризари со 81, Ѓорче Петров – 73, Бутел – 65 и Сарај – 44.

На поширокото скопско подрачје состојбата е следна: Студеничани -35, Арачиново – 19, Илинден – 17, Петровец – 8, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 10, Зелениково- 5 и Странец – 3.

Претходна вест239 оздравени, 139 новозаразени и еден починат од корона вирусот
Следна вестПожарот во кој изгоре возило во Ново Лисиче не бил подметнат