Во градинките предност ќе имаат децата чии родители не ќе можат да работат од дома, мајките во паника

Родителите на децата што посетуваат градинка се принудени да доставуваат потврди од работа дали можат, односно дали ќе работат од дома во периодот што следи, за на основа на тоа, да се даде приоритет надецата на родителите кои ќе мора да одат на работа. Дел од родителите се револтирани. Свесни се за комплицираната ситуација, но имаат проблем на работните места:

-Работам во приватна фирма, сопственикот е Словенец. Уште немаме никакви насоки како понатаму. Изминатите месеци работевме од дома со повремени и ретки физички присуства, но сега немаме никакви одлуки за периодот што следи однапред. На крајот на денот, можеби мојата фирма ќе одлучи во октомври дали остануваме дома или не, а моето дете не ќе може да го запишам во градинка оти тогаш веќе ќе е преполно. Ова е ужасна одлука на министерството, пишува на маилот на „Скопско ехо“ 38-годишната Г.А. од населба Аеродром.

Таа вели е една од многуте што нема да успеат во моментот да ја известат градинката каде оди нејзиното дете. Министерството за труд и социјална политика информира дека на вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство било одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка. А потоа градинките ќе добијат известување за бројката и списокот на деца.

Родителите како Г.А. стравуваат дека нивните деца ќе останат без институционално згрижување ако овој услов остане.
-Мора да се промени оваа одлука, не е праведна во ниеден поглед, нагласува Г.А.

Претходна вестПожарот во кој изгоре возило во Ново Лисиче не бил подметнат
Следна вестОсум албуми на Васил Хаџиманов преку „Кроација рекордс“ достапни секаде во светот