Пак пронајдени многу мигранти во комбе, пак возачот побегнал…

Се засилува шверцот со мигранти низ Македонија. Нема ден да не биде откриен нов обид и тоа со голем број на мигранти.

Вчера околу 18 часот, на автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај селото Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „Мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што тоа застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство.

При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вест80.000 до 120.000 лица во Македонија до сега биле во контакт со вирусот
Следна вестПродолжуваат протестите против покачувањето на цената на струјата