Дознаките од странство се вратија на преткризното ниво, со тоа што минатата година остварија раст на годишна основа од 44%. Тие се многу значаен девизен потенцијал за нашата економија, но и извор на финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Според анкетите на Народната банка, околу две третини од дознаките се користат за финансирање на личната потрошувачка, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Се работи за при кои нашие иселеници ги испраќаат на семејствата што се тука, а кои беа значително намалени за време на пндемијата.
– Тие се намалија за околу 24%, или номинално околу 400 милиони евра, што е навистина значаен износ за нашата економија. Затворањето на економиите, рестрикциите за патувања, влошувањето на условите на пазарот на труд кадешто живеат иселениците, помал расположив доход и помалата можност за праќање на средства, го имаа своето влијание. Од друга страна, ме радува тоа што минатата година, овој тренд забележа значајно подобрување, со раст на годишна основа од 44% кај дознаките, со што тие веќе се вратија на преткризното ниво, вели гувернерката.




