До ДИК досега пристигнати 1.300 електронски пријави од дијаспората за гласање на изборите

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1 300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

Според податоците од веб страната на ДИК од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи за да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

Претходна вестДецата со три дози ди–те-пер вакцина ќе може да посетуваат градинка, но ќе треба да ја примат и четвртата доза
Следна вестМенкиноски: Се чувствувам горд што го истакнав знамето од Кутлеш