Добри вести: Сите ракометари и стручниот штаб негативни на коронавирус

Додека речиси сите учесници на претстојното Европско првенство имаат проблеми со позитивни на коронавирус, македонската ракометна репрезентација нема ниту еден негативен тест.

Комплетната репрезентација денеска направи задолжително тестирање на коронавирус, и сите резултати, на ракометарите и на стручниот штаб се негативни.

Ова е одлична вест за селекторот Кирил Лазаров бидејќи нема никакви последици за репрезентацијата по последниот контролен натпревар против Израел. Изралеците имаа тројца позитивни на ковид-19, а денеска беше потврдено дека уште пет ракометари се заразени со коронавирус.

Ракометарите подготовките пред заминување за Дебрецин ќе ги одработат во Скопје без да одиграат уште еден контролен натпревар за да не дојде до несакани проблеми.

Последното тестирање, пред заминувањето за Дебрецин, репрезентацијата ќе го направи в понеделник.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија ќе го игра на 13 јануари против Словенија.

Претходна вестВојник на АРМ почина во болница во Приштина
Следна вестПендаровски со сочувство до семејството на војникот кој почина во Косово