Единствениот кандидат едногласно избран за претседател на скопскиот Кривичен суд

Сите тринаесет членови на Судски совет денеска едногласно го избраа Иван Џолев за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Тој беше единствен кандидат за оваа функција којашто ја извршуваше и во досегашниот период како в.д. претседател избран во ноември минатата година. Џолев и натаму ќе го раководи најголемиот суд во државата, во кој, меѓу другото, е и одделот кој постапува по судските предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На седницата, членовите на Судскиот совет посочија дека Џолев е оценет со 200 бода и дека станува збор за квалитетен кандидат, кој покажал одлични резултати во раководењето со судот во претходниот четиригодишен мандат и како в.д. претседател во изминатиот едногодишен период. Беше посочено дека тој ја зголемил ажурноста на Основниот кривичен суд Скопје, како и транспаретноста и отчетноста на судот. Иван Џолев е избран за судија во 2008 година.

Претходна вестЕУ пак ни покажа дека многу не сака, ама ние не ја разбираме
Следна вестГала оперски концерт по повод празникот Василица во НОБ