Филипче: Санкции за одговорните за еклатантно прекршување на протоколите за заштита на концертот на Петар Грашо во Хераклеа

  1. Грижата за колективното здравје е заедничка одговорност, која во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот. Ги повикувам надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните, побара денеска Венко Филипче, министер за здравство во однос на неодамнешниот концер на пеачот Петар Грашо во битолската Хераклеа.

Во објавата на својот профил на Фејсбук Филипче наведува дека имало еклатантното прекршување на протоколите на концертот а што тој не може да го премолчи.

-Организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува. Заедно со Комисијата за заразни болести имавме средби со организаторите на настани каде ги утврдивме протоколите, според кои настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител, напиша Филипче.

Претходна вестСамо две скопски општини со троцифрена бројка на заболени во Чаир – 114 и во Гази Баба 100
Следна вестДва месеци не слушаме ништо за „Лајка“, кучињата-скитници напаѓаат ли напаѓаат…