За уште четири лица се намалил бројот на активно болни во Скопје во однос на завчерашното деноноќие, покажуваат податоците на Министертсвото за здравство. Така, во изминативе 24 часа има 829 активни случаи а ден претходно имаше 833.
Гледано по општините, скопските општини Чаир и Гази Баба имаат најмногу активни случаи на ковид или по 114 во Чаир и 100 во Гази Баба, со што тие се единствени подрачја во кои има троцифрена бројка на заболени. Веднаш позади нив е Аеродром со 99 случаи, па Карпош со 92, Центар со 81 случај, Кисела Вода 84, Ѓорче Петров – 63 и Бутел – 61.
Во Шуто Оризари активни ковид-случаи се 36, во Сарај 20, а во Студенични 19. Во Арачиново има 15 активни, а во Илинден 12. Со едноцифрени бројки се Сопиште со девет активни случаи, Чучер Сандево со шест, Петровец со осум. Во Зелениково има четири, а четворица се се странци и уште две лица не се сè уште распределени.